ФОТО | ФОТОГРАФИЈА НА ДЕЦЕНИЈАТА – Средба на најдобрите од редот на најдобрите: Новак Ѓоковиќ и Лионел Меси уживаат заедно во Њујорк

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ в понеделник го започнува својот поход кон 24. Грен Слем титула во кариерата.

Пред почетокот на УС Опен во Њујорк се сретнаа двајца спортски великани кои оставија голема трага во историјата на спортот.

Имено, српскиот тенисер е виден во друштво на маестралниот аргентински фудбалер Лионел Меси. На Интернет се појави нивна заедничка фотографија.

Лионел Меси и Новак Ѓоковиќ се познати по тоа што имаат огромна почит еден кон друг.

Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ ќе излезе на терен во понеделник, а ривал во првото коло ќе му биде Александар Милер, па би било исклучително интересно да се види како Лионел Меси го бодри Србинот во Њујорк.