ФОТО | Француските пекари го соборија светскиот рекорд за најдолга багета, претходниот рекорд го држеа Италијанците
Француските пекари поставија нов Гинисов рекорд во неделата во Париз, правејќи багета долга 140 метри и 53 сантиметри.
Багетата, која е приближно 235 пати подолга од традиционалната багета, е направена во Суренес, предградие на Париз, за време на настан за Француската Конфедерација на пекари и готвачи на колачи.
Со ова го вратија рекордот за еден од најпознатите национални амблеми. Имено, рекордот го држеа италијански пекари пет последователни години, а претходната најдолга багета од 132,62 метри беше печена во италијанскиот град Комо во јуни 2019 година.
Така, за да постават нов рекорд, Французите почнаа да го месат и обликуваат тестото во три часот наутро пред да го стават во специјално изградена рерна на тркала. Според критериумите, багетата требаla да биде дебела пет сантиметри.
„Се е потврдено, сите сме многу среќни што го срушивме овој рекорд и што тоа беше направено во Франција“, изјави за медиумите еден од пекарите Ентони Ариго.
По соборувањето на светскиот рекорд, дел од багетата беше поделен во јавноста, а остатокот беше поделен на бездомниците.
Инаку, традиционалниот француски багет мора да биде долг околу 60 сантиметри и тежок околу 250 грама. Се прави од пченично брашно, вода, сол и квасец.
За потсетување, францускиот багет беше вклучен во листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО во 2022 година.