ФОТО | Фудбалерот на ПСЖ по 22 дена поминати во кома конечно се пробуди и ги шокираше сите – неговата сопруга објави трогателна порака за која зборува целиот свет

Светот на фудбалот кон крајот на месец мај го потресе веста дека голманот на Пари Сен Жермен (ПСЖ), Серхио Рико, се здобил со тешка повреда и паднал во кома.

Серхио Рико бил нагазнат со копачка на главата, а тоа му ги скршило пршлените на вратот, поради што бил во кома 22 дена. По 36 дена на интензивна нега, тој се разбуди од кома на 19. јуни.

Досега малку се знаеше за неговото здравје. Но, неодамна неговата сопруга Алба Силва се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и објави фотографија од болница во која вели дека нејзиниот сопруг е добро.

Би можел да напишам книга за емоциите што ги чувствував овие два месеци, но повеќе би сакала да кажам нешто поважно, а тоа е дека сме добро. Ви благодариме на сите за пораките за поддршка“, напиша Алба Силва во описот на фотографијата што ја сподели на Инстаграм.

Погледнете ја фотографијата ОВДЕ.

Нејзината објава предизвика големо внимание, бидејќи во претходните недели цел свет ги следеше вестите за голманот.

По несреќата многу поранешни соиграчи на Шпанецот се јавија да дадат зборови на поддршка, а сите љубители на фудбалот се надеваа на среќен крај на драмата.