ФОТО | Фудбалерот на Реал Мадрид ја покажа новата девојка, а неговата поранешна веднаш се јави – убавиците се ‘степаа’ за Бразилецот, а една од нив го однесе и на суд!

Сада Едер Милитао и официјално има нова девојка. Стоперот на Реал Мадрид ги шокираше сите со одлуката да ја напушти бразилската инфлуенсерка Каролина Лима кога таа беше во деветтиот месец од бременоста, а по расправијата и судењето со жената која го роди неговото дете, сега се впушти во нова емотивна врска.

Остриот дефанзивец на „Кралскиот клуб“ се фотографираше со тиктокерката и студентка Касија Лоренцо и официјално објави дека е во врска со неа. На две фотографии се гледаат како се гушкаат и се бакнуваат. Секако, ниту ова не можеше да биде без драма.

Штом излегоа фотографиите на Касија Лоренцо и фудбалерот, се огласи Каролина Лима. Таа објави три фотографии на кои носи маица на која пишува: „Мојот поранешен е мојот најголем обожавател“.

Каролина Лима го тужеше фудбалерот на Реал Мадрид и бараше огромна алиментација од него и тој судски спор се уште е во тек. „Тој не е со мене, тој се забавува во најдобрите ноќни клубови во Мајами“, напишала таа во објава на социјалната мрежа Инстаграм додека беше бремена, што на крајот предизвика нивно раскинување, а подоцна и тужба.