ФОТО | Хамас ја држеше како заложник, а таа сега даде интервју кое го крена Израел и светот на нозе: “Ќе ви кажам сè…“
Миа Шем, 21-годишна Израелка која беше киднапирана од членовите на палестинската воено-политичка организација Хамас, откако тие убија 364 посетители на музичкиот фестивал „Супернова“ одржан во близина на Појасот Газа во западен Израел на 7. октомври, изјави за израелската телевизија Channel 13 дека сака да даде вистинска слика за луѓето кои живеат во Појасот Газа, нивните вистински намери и сето она што го доживеала во заробеништво.
„Поминав низ холокаустот. Сите терористи се таму“, изјавила Миа Шем, тату-артист од градот Шохам во централниот дел на Израел и додала дека престојувала со семејство со деца во Појасот Газа.
„Тоа се семејства под режимот на Хамас, знаете. Сфатив дека сум со семејството. Потоа почнав да си поставувам прашања… зошто сум со семејството ? Зошто се децата овде ? Зошто е жената овде ?“, изјавика Миа Шем, која покрај израелското државјанство има и француско државјанство.
Откако поминала 54 дена во заробеништво, а пред да биде ослободена, Миа Шем морала да сними видео порака за нејзиниот престој во Појасот Газа, пишува Daily Mail.
„Луѓето се многу добри, беа многу љубезни кон мене… храната беше добра, љубезноста иста. Се е добро“, вели Израелката меѓу другото во таа порака.
Таа снимка брзо се рашири низ светот бидејќи нејзиното сведочење се разликуваше од сведочењето на другите затвореници. Имено, тие рекоа дека биле малтретирани. Затоа, многумина мислеа дека Миа Шем не е искрена, односно дека Хамас ја принудил да го каже тоа што го кажува.
Миа Шем била застрелана во десната рака за време на нападот на Хамас на собирот на фестивалот. Операцијата при која и биле санирани повредите траела три часа. Подоцна нејзината тетка изјавила дека ја оперирал ветеринар и дека по операцијата не отишла на физиотерапија.
Миа Шем на 9. декември објави свои фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, на кои може да се види дека на левата подлактица има тетоважата – „Ќе танцуваме пак, 07.10.23“, а истата објава можете да ја погледнете ОВДЕ.
„07.10.23. Никогаш нема да заборавам. Болка и страв, тешки слики, пријатели кои нема да се вратат и оние кои мораме да ги спасиме. Уште не сме победиле, ќе танцуваме повторно“, напишала Миа Шем во описот на фотографиите.