ФОТО | ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА – Огромна експлозија во одморалиште за лица со посебни потреби! Се бараат 11 лица, а на терен се сите достапни услуги

По 11 лица се трага по пожарот кој избувна во средата наутро во одморалиште за лица со посебни потреби во источна Франција, соопштија локалните власти, а пренесуваат тамошните медиуми.

Пожарот избувнал во одморалиште во градот Винценхајм во близина на Колмар во провинцијата Алзас.

слика
Винценхајм, Франција

Министерот за внатрешни работи, Џералд Дарманин, вели дека можни се и жртви бидејќи пожарот го зафати одморалиштето за лица со посебни потреби.

На местото на несреќата пристигнале 76 пожарникари и 40 припадници на жандармеријата кои успеале да го стават пожарот под контрола.

Според информациите од француските медиуми, 17 лица се евакуирани, а едно од нив е пренесено во болница.

Засега пожарникарите за исчезнати лица не можат да утврдат дали се гости на одморалиштето или нивната придружба.