ФОТО | ХРВАТСКАТА МЕГАН ФОКС ГО КРЕНА ФУСТАНОТ И НАПРАВИ ВИСТИНСКИ ХАОС ВО ВАТИКАН – Убавицата го украде погледот на сите минувачи

Убавата Хрватка Денис Гргиќ, деновиве ужива во Рим, а го посетила и Ватикан каде, судејќи според објавите на социјалните мрежи приредила вистинско шоу за минувачите.

Познатата академска сликарка Денис Гргиќ моментално ужива во Рим, од каде секојдневно споделува фотографии на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа не пропуштила прилика да го посети Ватикан, а таму приредила вистинско шоу на сред улица.

Денис Гргиќ се возела низ Ватикан со скутер, а носела ултра краток фустан кој во еден момент го подигнала и го покажала голиот заден дел, не грижејќи се за минувачите кои биле сведоци на таа необична глетка.

Нејзината објава на социјалната мрежа Инстаграм од Ватикан можете да ја погледнете ОВДЕ.

Денис Гргиќ често објавува свои провокативни фотографии на Инстаграм, а ја следат повеќе од 90.000 луѓе.

Поради сличноста со познатата холивудска убавица го доби прекарот „Хрватската Меган Фокс“, а во една прилика откри што мисли поради тоа што ја споредуваат со американската актерка.

Сакам да бидам уникатна и да не се споредувам со никого, а споредбата со Меган Фокс дојде од тоа што луѓето понекогаш гледаат сличност и ми ја спомнуваат, и така стана интересно што личиме многу. Меган Фокс е успешна жена и тој аспект би можела да ми биде комплимент, но верувам дека и двете сме единствени, секоја на свој начин, и дека и двете имаме вредности кои ги носат нашите сопствена личност“, откри во една прилика Денис Гргиќ.