ФОТО | Христијан Мицкоски се сретна со регионалниот директор за Европа на Меѓународниот републикански институт Пол Мекарти
Актуелната политичка и економска состојба, корупцијата и евроинтеграциските процеси на државата во однос на спорот со Бугарија, биле теми на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и регионалниот директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), Пол Мекарти.
Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски уште еднаш го афирмираше ставот на партијата дека нема да прифати уставни измени под, како што се наведува, овие околности и под бугарски диктат.

„Се истакна меѓусебна благодарност за добрата соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ и се соглсивме дека таа ќе продолжи да се развива и во иднина врз база на рамноправност, принципи и вистински вредности“, стои во соопштението.
На средбата присуствувале и меѓународниот секретар на партијата Стефан Андоновски и членот на Извршниот комитет и портпарол Марија Митева.