Четири лица загинаа, а едно е исчезнато по експлозија во куќа во американската сојузна држава Пенсилванија.
Уништени се три згради, а оштетени се најмалку десет други.
Официјални лица од округот Алегени изјавија дека три лица се хоспитализирани по експлозијата во градот Плум, на околу 20 милји источно од Питсбург.
Екипи од најмалку 18 противпожарни служби работеа на гаснење на пожарот со помош на цистерни со вода.
Официјални лица на местото на настанот изјавија дека не знаат точно кој бил во куќата во моментот на експлозијата, така што точниот број на исчезнати не е познат.