ФОТО | Шакира ги менува љубовниците како чорапи – латино-дивата ‘уловена’ на вечера со една од најголемите ѕвезди во НБА лигата: “Се забавуваа до раните утрински часови“

Шакира ги поттикна гласините за нова врска откако беше видена како ужива на романтична вечера со НБА ѕвездата Џими Батлер, пишува магазинот Marca.

Папараците ги снимиле пред ресторан во Лондон. Пристигнале одвоено, а заедно излегле од локалот околу два часот по полноќ. Се уште не се изјасниле за објавите дека се во врска. Пејачката минатиот месец го гледаше тимот на Џими Батлер како игра против Денвер Нагетс во финалето на НБА.

Според претходните извештаи на медиумите, Шакира и Том Круз биле видени на трката во Формула 1 во мај, каде славниот актер наводно се обидел да го освои нејзиното срце, но таа не била заинтересирана. После тоа, таа во неколку наврати беше видена со Формула 1 возачот Луис Хамилтон, но нејзините обожаватели веруваат дека таа повеќе не е заинтересирана за него.

Да потсетиме, помина повеќе од една година откако Шакира и Жерар Пике објавија дека се разделуваат. Колумбиската пејачка сега во интервју за магазинот People откри дека фудбалерот ја изневерил додека нејзиниот татко бил во болница, што за неа бил многу тежок период.