ФОТО | Шакира е повторно заљубена ? По брачниот бродолом, среќата ја нашла во рацете на поранешен познат спортист

Колумбиската пејачка Шакира (47 г.) наводно е во врска со пензионираниот американски спортист Џулијан Еделман (37 г.), пишува The Sun.

Гласините дека пејачката и поранешниот спортист биле во врска започнаа кога Шакира објави серија црно-бели фотографии направени за време на забава која Колумбијката ја приредила за нејзиниот 47 роденден.

На една од нив е таа и поранешен член на тимот на Њу Ингланд Патриотс и трикратен победник на „Супер Боул“. Објавата на Шакира можете да ја погледнете ОВДЕ.

Фотографијата на која авторката на хитовите „Hips Don’t Lie“ и „La Tortura“ и Џулијан Еделман дискретно се гушнати, поттикна многумина да се запрашаат дали Шакира, по примерот на американската пејачка Тејлор Свифт, решила да бара љубов меѓу американските спортисти.

Да потсетиме, Тејлор Свифт е во врска со ѕвездата на Канзас Сити ЧифсТревис Келче.

Џулијан Еделман ја има ќерката Лили од претходната врска со шведскиот модел Ела Роуз, а Шакира беше во брак со шпанскиот фудбалер Херардо Пике од 2011 до 2022 година. Претходно, од 2000 до 2010 година, таа беше во врска со аргентинскиот адвокат Антонио де ла Руа.

Шакира и Херардо Пике имаат два сина – Милан (11 г.) и Саша (9 г.).

Пред да започнат шпекулациите дека е во врска со Џулијан Еделман, таблоидите ја поврзуваа Колумбијката со британскиот Формула 1 возач Луис Хамилтон и холивудската ѕвезда Том Круз.