ФОТО | ‘ШОУ’ ВО ПОЛСКА – Европската воена велесила ја покажа својата моќ на најголемата парада по Студената војна: Погледнете ја величествената поворка на Армијата

Најголемата полска воена парада по Студената војна се одржа во вторникот во Варшава, при што членката на НАТО ја покажа својата воена моќ во она што Владата се надева дека ќе биде порака и до Русија и до гласачите пред изборите во октомври.

Руската инвазија на Украина го направи зајакнувањето на вооружените сили приоритет на полската владејачка партија Право и правда (ПиС), а со изборната кампања во полн ек, демонстрацијата на воена сила е можност да се зајакне довербата во Владата кога е во прашање одбраната.

слика
слика
слика
слика

На парадата, која се одржа на 103-годишнината од победата на Полска над Советскиот Сојуз, присуствуваа 2.000 војници од Полска и други членки на НАТО, заедно со 92 авиони и 200 парчиња различно оружје и воена опрема.

15. август не е само можност да им се оддаде почит на хероите од битката за Варшава и да им се заблагодариме на сегашните војници што ја бранат нашата татковина“, им порача министерот за одбрана Мариуш Блашчак на војниците и граѓаните собрани покрај Висла.

Тоа е исто така совршена можност да покажеме сила, да покажеме моќни вооружени сили кои без двоумење ќе ги бранат нашите граници“, додаде тој.

На парадата можеше да се видат тенкови М1А1, купени од Соединетите Американски Држави, јужнокорејски тенкови К2 и самоодни хаубици К9, ракетни фрлачи HIMARS и системи за противвоздушна одбрана Patriot.

слика

Полска произведува пешадиски борбени возила Borsuk и оклопни транспортери Rosomak, кои исто така учествуваа на парадата.

ПиС, кој е на власт од 2015 година, тврди дека парадата ќе покаже дека ја обновува Армијата по долгогодишно недоволно инвестирање од претходната Влада.

Партијата вети дека ќе ја удвои големината на Армијата и ќе потроши околу четири отсто од бруто домашниот производ за одбрана оваа година.

Сепак, опозициските пратеници во полскиот парламент тврдат дека владата ја користи армијата за своја политичка корист.

Употребата на полската Армија за предизборна кампања е срам за ПиС. Не за политизацијата на Армијата!“ напиша на социјалните мрежи Михал Шчерба, претставник на најголемата опозициска партија Граѓанска платформа (ПО).

ПиС сè уште е најсилната партија според повеќето анкети, но нејзината предност е тесна и тешко дека ќе освои мнозинство.

На 15. октомври во Полска се одржуваат парламентарни избори, а во исто време во земјата ќе се одржат и неколку референдуми.

слика
слика