ФОТО | ШПАНЦИТЕ ГИ ЗАГУБИЈА НЕРВИТЕ – Девојка на познат фудбалер се најде во центарот на вниманието поради нејзиниот фустан: “Претера!“

Поранешниот фудбалер на Барселона, Марк Бартра, и неговата избраничка, Џесика Гоикочеа, беа во центарот на вниманието на црвениот тепих за време на латинската верзија на наградите за „Grammy“.

Grammy“ во латинска верзија се одржа во Севиља и привлече голем број познати личности од Шпанија. Секако, меѓу нив има и многу фудбалери кои чекореа со своите поубави половини.

И тогаш се појави парот Марк БартраЏесика Гоикочеа и се запре.

Марк Бартра, Џесика Гоикоечеа
Марк Бартра и Џесика Гоикочеа

Џесика Гоикочеа се појави во црн фустан со огромен исечок напред, а мал дел од фустанот едвај успеа да ги собере градите на девојката на фудбалерот на Бетис.

Марк Бартра бил соодветно облечен иако немал кошула под црното сако, но успеал да покрие многу повеќе од телото отколку неговата девојка.

Јавноста во Шпанија не се однесуваше премногу љубезно кон Џесика Гоикочеа. Таа беше критикувана дека премногу се експонира и дека таков фустан едноставно не е за толку важни настани како „Grammy“ наградите.