ФОТО | Што е ова !? Позеленеа каналите во една од омилените туристички дестинации на многумина – никој не знае што се случува и изгледа морничаво – погледнете

Водата во главниот голем канал во градот Венеција, во близина на мостот „Риалто“, стана флуоресцентно зелена, а властите работат на откривање на причината за необичната појава, за која можеби се одговорни зелените активисти.

Регионалната агенција за заштита на животната средина земала примероци од водата и работи на идентификување на супстанцијата што ја променила бојата, објави агенцијата на социјалната мрежа Твитер. Властите на Венеција свикаа итен состанок на полициските сили за да откријат што се случило и да превземат можни контрамерки, пишуваат италјанските медиуми.

Инцидентот потсетува на неодамнешните настани во Италија каде еколошките групи сликаа со боја над познати споменици. Во последниот ваков инцидент, активисти ја затемнија водата на римската фонтана „Ди Треви“ со јаглен во знак на протест против фосилните горива.

За разлика од претходните случаи, ниту една активистичка група не ја презеде одговорноста за настанот во Венеција.