ФОТО | Што е со мистериозната лузна на Владимир Путин !? Последните фотографии ги потврдија гласините – еве од што боледува Рускиот ‘цар’!
Во јавноста се појавија нови фотографии од претседателот на Русија, Владимир Путин, на кои тој се гледа со мистериозна лузна на вратот, што доведе до шпекулации дека првиот човек на Кремљ се бори со рак на тироидната жлезда, пишува The Sun.
Фотографиите на кои се гледа лузната се направени на службата по повод празнувањето на православниот Велигден во катедралата во Москва. На нив е прикажан Владимир Путин со „скаменето лице“ како држи свеќа, но јасно се гледа и лузната на предниот дел од вратот.
Во последните месеци во светската јавност имаше бројни теории за неговото здравје, некои дури тврдеа дека Владимир Путин има рак, Паркинсонова болест или и двете, но официјален Кремљ постојано го демантираше сето тоа.
Сепак, гласините повторно започнаа да кружат откако рускиот претседател беше забележан и фотографиран во неделата на служба во катедралата „Христос Спасител“ во Москва, каде што, наводно, имал потешкотии да се движи и не бил во најдобра форма.
The Sun пишува дека фотографиите можеби ги потврдиле претходните тврдења на истражувачкиот весник Project дека Владимир Путин боледува од рак на тироидната жлезда. Овој независен медиум наведува дека Владимир Путин постојано бил следен од тим на врвни хирурзи, од кои еден е и Евгениј Селиванов, специјализант за рак на тироидната жлезда.
Лузната може да се забележи како дијагонална линија од лево кон десно на неговиот врат, а профилот на социјалната мрежа Телеграм, Unian, тврди дека е во форма на буквата „Z“, провоен симбол што го користат силите на Русија во инвазијата на Украина.
Сепак, ова не е прв пат да се види оваа лузна на вратот на Владимир Путин: во декември 2020 година за тоа пишуваше и рускиот веб-портал Sobesednik.
Во тоа време, пластичниот хирург Амџад Ал-Јусеф кажа дека таквата лузна теоретски може да остане по интубацијата т.е. операцијата.
И покрај овие шпекулации, нема докази дека Владимир Путин некогаш бил подложен на операција на тироидната жлезда. Ал Јусеф претходно изјави дека можеби тоа воопшто не е лузна, туку само белег на опуштената кожа, што би било вообичаено кај постара личност.
Сепак, The Sun пишува дека во 2020 година таа лузна не била толку истакната како што е сега, која јасно се гледа на најновите фотографии од рускиот претседател.