ФОТО | ШТО ЗНАЕМЕ ЗА УБИЕНИТЕ И РАНЕТИТЕ СРБИ ВО БАЊСКА – Откриен е идентитетот на загинатите, сите тројца се од северот на Косово, а еден од застреланите се опоравува по операција
Тројца Срби од Косово и Метохија загинаа, а двајца се тешко ранети во судирите со косовската полиција во неделата во селото Бањска. Оваа информација ја потврди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Александар Вучиќ пред новинарите во Белград изјави дека двајца Срби биле убиени од снајпер од голема далечина и дека постои страв дека е убиено и четврто лице.
Според него, Србија има аудио-снимка дека албанската полиција не сакала да му помогне на лицето чиј опстанок е во прашање.
Сепак, многу информации сè уште се покриени со тајност. Според информациите на дел од српските медиуми, сите тројца загинати се од Косово и Метохија, и тоа И.М. и Б.М. од Лепосавиќ и С.Н. од Звечан. Единствените официјално објавени информации потврдуваат дека еден од ранетите В.Т., по укажаната помош во болница во Митровица, бил префрлен во Приштина, каде што бил опериран, бидејќи имал две рани на ногата. Според неофицијални информации, станува збор за семеен човек кој неодамна го добил третото дете.
Директорот на Клиниката за ортопедија, Гани Јашаница, изјавил дека повредениот е во добра здравствена состојба и има две рани, пренесува весникот Koha.
„Има две рани. Му се оштетени бутната коска и ‘рскавицата, делот под коленото, но тој е во стабилна состојба. Го посетив денес. Ќе остане во болница уште неколку дена“, изјавил Гани Јашаница.
Инаку, албански профил на социјалните мрежи објави и вознемирувачки фотографии од убиени и ранети Срби.