ФОТО | ШТО ТОА НОВАК ЃОКОВИЌ САКА ДА СОКРИЕ ОД СВЕТОТ !? Србинот тренираше заедно со Карлос Алкараз, а потоа следуваше “чудна“ сцена
Новак Ѓоковиќ на завршниот турнир во Торино ќе игра во т.н. зелена група, а неговиот најголем ривал во моментот, младиот Карлос Алкараз во црвената група.
Првиот натпревар српскиот тенисер го игра в недела против Холгер Руне, додека Шпанецот во понеделник ќе го отвори турнирот со дуелот против Александар Зверев.
Многумина се надеваат дека во финалето следната недела ќе се пресметаат на првиот и вториот тенисер на АТП листата.
Сепак, двајцата најдобри тенисери во моментот беа заедно на теренот на два дена пред почетокот на натпреварувањето.
Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз тренираа заедно, а нивниот тренинг можеше да го погледнете во прилог видеото.
Младиот Шпанец прв излезе на теренот и на него мина околу 30 минути со својот тим, а потоа се појавија Горан Иванишевиќ и Карлос Гомез Херера, тренерот и спаринг партнер на Новак Ѓоковиќ.
Неколку минути по нив дојде Новак Ѓоковиќ. Двајцата тенисери срдечно се поздравија и прегрнаа, а потоа почнаа да разменуваат удари.
По околу 30 минути тој дел од тренингот заврши, Карлос Алкараз се спакува и го напушти теренот, а Новак Ѓоковиќ и неговиот тим направија необични сцени.
Новак Ѓоковиќ седна на клупата, пред него застанаа двајца членови на тимот, а со синхронизираното движење лево-десно може да претпоставиме дека тоа го направиле за да скријат што се случува меѓу нив, т.е. погледнете како кумот и физиотерапевт Миљан Амановиќ му ја масира левата рака на Новак Ѓоковиќ.