ФОТО | Њујорк се ‘дави’ поради пожарот во Канада! Шумите горат повеќе од една недела, а воздухот во ‘Големото јаболко’ стана токсичен – погледнете како изгледа ‘градот кој не спие’!
Воздухот во Њујорк во вторникот беше меѓу најзагадените во светот, бидејќи чадот од стотиците шумски пожари во Квебек стигна до „Големото јаболко“.

Чадот од шумските пожари во Канада периодично ги зафаќа североисточниот и средниот Атлантик повеќе од една недела, предизвикувајќи загриженост за лошиот квалитет на воздухот. Индексот на квалитетот на воздухот го достигна врвот на мерната станица IQair во вторникот – 150 – и беше оценет како „нездрав“ за ранливите групи како што се постарите, малите деца и оние со респираторни проблеми.
Во текот на денот, Њујорк беше меѓу првите пет градови со најголемо загадување на воздухот во светот, објави IQair, заедно со Дака во Бангладеш; Џакарта во Индонезија; и Њу Делхи во Индија.