ФОТО | Ќебапи со кромид, лепчиња и кајмак во чинијата… Ивана Кнол му покажа на светот дека балканската храна е најдобра: “Морам да се најадам пред…“
Ивана Кнол е позната како најубавата хрватска навивачка, но и љубителка на патувањата. Своите патувања редовно ги споделува со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм, а неодамна го заврши и патувањето во Милано каде уживаше во италијанската храна.
„Чао, чао, Милано! Беше прекрасно! Едвај чекам да се вратам“, напиша Ивана Кнол покрај фотографијата од патот.
На својот профил на Инстаграм таа објави дека и претстои патување во САД, но пред тоа мора да ужива во храната од балканските краеви. Таа објави дека ужива во ќебапи со кромид, лепчиња и кајмак.
„Морам да се најадам пред…“, напиша Ивана Кнол покрај американското знаме и црвено срце.