ФОТО | Ќерката на контраверзниот актер Алек Болдвин роди девојче со интересно име: “Јас сум Ирска а таа е…“

Ирска Болдвин, ќерката на познатиот актер Алек Болдвин, роди девојче по име Холанд, а таа ова со задоволство го откри во објава на социјалната мрежа Инстаграм овој вторник.

Имено, оваа 27-годишна девојка го дочека своето прво дете со музичарот RAC, чие вистинско име е Андре Ален АњосRAC и Ирска Болдвин, кои се заедно од 2021 година, позираа на фотографија на која таа се гледа како го држи нивното новороденче во раце.

Погледнете ја фотографијата ОВДЕ.

RAC се позиционирал до мајката на неговото дете додека седеле заедно во нејзиниот болнички кревет по успешното породување. Во описот на својата објава, Ирска Болдвин открива дека се држела до планот што таа и RAC го направиле пред неколку месеци и ја нарекле својата ќерка Холанд.

Ќе ја викаме Холанд“, изјавила таа за Girlboss Radio во јануари.

Јас сум Ирска, па избравме друго име на земја затоа што сакавме да останеме доследни“, објаснила таа. Таа исто така додаде дека – „ја сака актерката Холанд Тејлор“, пишува Дејли Мејл .

Тоа име отсекогаш го сакав, уште од мала. Мислев дека е толку елегантно, прекрасно име, па го избравме“, истакнала таа.