ФОТО | Ќерката на легендарниот Харис Џиновиќ се соблече на бикини и ги “запали“ социјалните мрежи: Со провокативни пози на Инстаграм таа ја разбуди фантазијата на обожавателите
Џина Џиновиќ, ќерката на балканската музичка ѕвезда, Харис Џиновиќ, привлекува големо внимание со своите објави на социјалните мрежи, а сега буквално ги запали.
Џина Џиновиќ студените денови во Србија ги заменила со топлите температури на Малдивите и објави неколку фотографии од нејзиното патување во костим за капење.
Предизвикувачка фотографија од плажа објави ќерката на Харис Џиновиќ, а следбениците ја „преплавија“ со коментари: „Тело во пламен“, „Убавица“, „Принцрза“… се само дел од коментарите под објавата која можете да ја погледнете ОВДЕ.
Познатиот пејач еднаш ги коментираше објавите на својата ќерка на социјалната мрежа Инстаграм и откри што мисли за тоа:
„Таа си ја работи својата работа, тоа не ме интересира. Таа го избра тој Инстаграм и би сакал да биде успешна во него. Секој човек, секоја девојка, во нејзините дваесетти години, треба да направи нешто, да се интересира за нешто, да прави нешто од себе, без разлика дали е тоа губење на време или друго, секогаш треба да правите нешто во животот“, истакна во една прилика за српските медиуми легендарниот Харис Џиновиќ.