ФОТО | Ќерката на Џони Деп забележана како разменува сочни бакнежи со девојка, а еве што има да каже познатиот татко за сето тоа

Лили-Роуз Деп, 24-годишната актерка и ќерка на славниот Џони Деп, го покажа својот затегнат стомак за време на лежерен ручек со својата девојка 070 Shake (070 Шејк) во ресторанот „Crossroads“ во Лос Анџелес.

слика
Лили-Роуз Деп и 070 Shake

Ѕвездата од хит-серијата „Idol“ се појавила во минијатурен кроп топ со бели шорцеви кои ги комплиментираат нејзините затегнати нозе. Таа ги покажала и нејзините руси прамени во елегантна пунџа, додавајќи пар стилски црни очила за сонце за да го комплетира нејзиниот изглед за ручек.

Младата музичарка 070 Shake носела црвен НФЛ дрес со широки црни панталони. Двојката одела рака под рака додека се движеле до ресторанот за саботниот ручек, привлекувајќи големо внимание.

Инаку, младата музичарка и актерката за прв пат беа романтично поврзани во јануари годинава. Ѕвездата од малите екрани потврди дека тие започнале да се забавуваат во јануари, откако објавија романтична фотографија од нив како се бакнуваат.

Четири месеци со мојата симпатија“, додаде тогаш русокосата убавица во описот на фотографијата со бакнеж која ја сподели на социјалните мрежи.

слика
Лили-Роуз Деп и 070 Shake

Daily Mail претходно објави дека славниот татко на Лили-Роуз Деп ја одобрил најновата врска на неговата ќерка.

Извор близок до Лили-Роуз Деп открил дека – „Лили-Роуз Деп верува дека е заљубена и дека Џони Деп не сака ништо повеќе на овој свет од тоа таа да биде среќна и да биде сакана од некој што ја заслужува“. Според инсајдерот, актерот ја „одобрувал“ врската со 070 Shake и не бил обожавател на поранешните момчиња на својата ќерка.

Џони Деп исто така смета дека е одлично што неговата ќерка е со музичарка бидејќи и тој е музичар“, додал изворот.

Ѕвездата на претстојниот филм „Nosferatu“ ја опиша 070 Shake како „љубовта на мојот живот“ во објава на социјалната мрежа Инстаграм.