ФОТО | “ЏЕЈ ЛО ЌЕ ЈА ЗАДАВИ!“ – Бритни Спирс откри дека го бакнала и имала “афера“ со Бен Афлек !?

Пејачката Бритни Спирс (42 г.) објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм под која тврди дека еднаш го бакнала актерот Бен Афлек (51 г.).

Во објавата, таа сподели фотографија на која се гледа како стои меѓу Бен Афлек и добитничката на Греми, Дијана Ворен. Таа објава сега е избришана, но е зачувана од магазинот TMZ и може да се види ОВДЕ.

Убава фотографија од мене и Бен Афлек и Дијана Ворен пред неколку години!“, напиша Бритни Спирс.

Тој е толку неверојатен актер. Заборавив да напоменам дека го бакнав Бен Афлек таа вечер… Искрено заборавив… Тоа е лудо! Само да можев да ви ја кажам приказната што се случи пред тоа! Ох Боже, јас сум озборувачка! Пссст, заборавив“, напиша таа со насмеани смајлиња во описот на објавата.

Веста изненади многу обожаватели бидејќи фотографијата е направена во летото 1999 година кога Бен Афлек и Бритни Спирс наводно излегуваа со други луѓе. Бен Афлек во тоа време се забавуваше со поранешната негова девојка, Гвинет Палтроу, а можно е Бритни Спирс да се забавуваше во тој период со Џастин Тимберлејк бидејќи тие почнаа да излегуваат таа година.

Обожавателите на социјалните мрежи полудеа по оваа објава и веруваат дека ја вознемирила Џенифер Лопез, сопругата на Бен Афлек.

Џеј Ло ќе ја задави Бритни Спирс по таа објава за бакнување на Бен Афлек!!!“, напиша еден од нив во коментарите, додека друг додал: „Џеј Ло ќе и го украде вокалот на Бритни Спирс ако продолжи така“.

слика
Бен Афлек и Џенифер Лопез

Мислам дека ова е непочитување затоа што Џеј Ло ја следи и јас лично би мразел да видам друга жена на мојот тајмлајн како вели дека имала афера со мојот сопруг“, напиша еден обожавател под објавата.