ФОТО | “ЏОРЏИЈА МЕЛОНИ Е СЕСТРА НА АЛБАНИЈА!“ – Еди Рама рамо до рамо со премиерката на Италија се шеташе низ Валона

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во Валона ја угости премиерката на Италија, Џорџија Мелони, која ја нарече како – „сестра на Албанија“.

Џорџија Мелони дел од одморот го помина во Албанија на покана на Еди Рама.

Премиерот на Албанија на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави заедничка фотографија со изрази на благодарност кон премиерката на Италија.

Сестра на Албанија, брат на Италија. Ти благодарам Џорџија, ми беше чест“, напиша Еди Рама во описот на објавата. 

Еди рама и Џорџија Мелони

Италијанските медиуми ја пренесоа неговата изјава дадена за време на посетата на Џорџија Мелони и пишуваат дека таа не греши во меѓународната политика и затоа тој особено ја цени.

Италијанските медиуми објавија дека премиерката отпатувала во Албанија каде имала приватна средба со Еди Рама

Џорџија Мелони престојуваше во Албанија со партнерот Андре Џамбрун и ќерката Гиневра.