ФОТО | 40 ДЕНА ОД СМРТТА НА ЕВГЕНИЈ ПРИГОЖИН – Мајката и синот положија цвеќе на гробот, а групата Вагнер му оддаде почит низ цела Русија

Низ Русија се собираат луѓе за да му оддадат почит на лидерот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа пред 40 дена.

Мајката Виолета Пригожина и синот Павел денеска положија цвеќе на неговиот гроб. Тие беа придружувани од голем број луѓе кои дојдоа уште еднаш да му оддадат почит на лидерот на групата Вагнер.

Поддржувачите вееја црни знамиња на Вагнер со череп и мотото „Крв, чест, татковина, храброст“, а на местото каде што беше погребан беше одржана панихида.

Евгениј Пригожин

Луѓето почнаа да носат цвеќе на гробот на Евгениј Пригожин од рано наутро. Првиот човек на Вагнер ги остави сопругата и трите деца. Во 2022 година, членовите на неговото семејство, вклучително и децата Полина и Павел, се најдоа под санкции од неколку западни земји.

На профилите на социјалната мрежа Телеграм поврзани со групата Вагнер и Евгениј Пригожин, има коментари во чест на починатиот водач: „Хероите не умираат“, „Хероите живеат во срцата и сеќавањата на луѓето“, „Тој е светлината на крај на тунелот“, „Нема да има замена за него“.

Потсетуваме, авионот кој летал од Москва за Санкт Петербург се урна во регионот Твер, а на списокот на патници се наоѓал и лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин. Сите 10 луѓе во авионот загинаа.