ФОТО | BALENCIAGA УШТЕ ЕДНАШ ГО “ЗАПАЛИ“ ИНТЕРНЕТОТ – Модната куќа продава здолниште што личи на пешкир, а цената е надвор од здравиот разум

Уште едно парче облека од модната куќа Balenciaga (Баленсијага) стана вирално на Интернет. 

Станува збор за здолниште кое изгледа идентично како памучен пешкир врзан околу половината, за што љубителите на оваа луксузна модна куќа ќе треба да издвојат 925 долари! Корисниците на социјалните мрежи беа прилично изнервирани од овој новитет на Balenciaga.

Убеден сум дека ова е социјален експериемнт на Balenciaga“, „Ние навистина живееме во луд свет“, „Господе, дали ова е реално ?“, „Срамно“, „На светот му се ближи крајот“, се само некои на коментарите.

Дизајнерите велат дека здолништето е и за мажи и за жени, а се прицврстува околу половината со две копчиња и прилагодлива тока за ремен. Затоа, нема однапред одредени големини, а должината е приближно до колената. За разлика од класичните крпи, оваа бара – хемиско чистење.

слика

Ова не е првото и веројатно не последното контроверзно парче од Balenciaga.