ФОTO| Погледнете како денес изгледа малото девојче Амела од филмот „Кудуз“

Ивана Легин ја паметиме како преслаткото девојче кое се појави во филмот „Кудуз“ и спотот „Чаје шукарије“ на Здравко Чолиќ каде ја отпеа познатата реплика „Ја се зовем Ивана а тата ме зове злато“.

Црвенокосата Ивана ги маѓепса сите со својот изглед, а по избувнувањето на војната со семејството побегна во Австралија каде живее и денес, каде што се занимава со режија, продукција и маркетинг.

Иако сега е сериозна жена, Ивана не го изгубила детскиот изглед. Таа остана доследна на нејзината црвена коса, а големите сини очи ќе ви помогнат да сфатите за кого станува збор.