Франк Лампард си ја отвори душата: “Сакав да го доведам Џуд Белингем пред три години, но Челзи одби поради…“
Џуд Белингем го воодушеви фудбалскиот свет. Уште кога играше за Борусија Дортмунд беше јасно дека е фантастичен фудбалер, но тоа што го прави во Реал Мадрид е речиси тешко за верување. На 14 настапи 20-годишниот Англичанец постигна 13 гола и имаше три асистенции, па навистина почна да ги отплаќа 103-те милиони евра што „Кралскиот клуб“ ги плати за него.
Со оглед на тоа дека најголемата англиска фудбалска ѕвезда е израсната во Германија, а сега ја гради кариерата во Шпанија, сосема е логично што поранешните и сегашните менаџери на Премиер лигата и клупските челници се огорчени поради пропуштањето на играчот што Борусија Дортмунд го купи од Бирмингем за само „скромни“ 30,15 милиони евра. Нема клуб кој во последната година не се споменуваше за доведување на Џуд Белингем, но тој веднаш се реши за Реал Мадрид штом пројави интерес „Кралскиот клуб“.
Но, Џуд Белингем не требаше да оди во Борусија Дортмунд ако сопствениците на Челзи го слушаа Френк Лампард во неговиот прв мандат на клупата на тимот од Лондон (2019-2021). Во подкастот што го водеше Џон Оби Микел, тој истакна дека сакал да го донесе Џуд Белингем од Бирмингем.
„Навистина сакав да го доведам, но не можев да ја истуркам идејата да платам 20 милиони фунти за некој на негова возраст“, изјави Френк Лампард и потсети дека играчот од средниот ред тогаш имал 17 години.
Младоста не беше проблем за луѓето од Борусија Дортмунд, па историјата во овој случај се одвиваше надвор од „Стемфорд Бриџ“ исто како и неколку други пати кога челниците на клубот не го слушаа Франк Лампард. Имено, во тој период тој предложи купување на уште двајца млади луѓе – Деклан Рајс и Ерлинг Халанд.