ЕНТОНИ БЛИНКЕН ШТОТУКУ ГО ОБЈАВИ ПЛАНОТ ЗА МИР МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА – Зборуваше по точки и наведе како да се постигне соживот, а повика и на итни преговори

Ентони Блинкен, државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), денес се обрати пред медиумите во јапонската престолнина Токио, по состанокот на министрите за надворешни работи на Г-7.

Првиот човек на Стејт департментот кажа дека меѓу клучните елементи на идниот мир меѓу Израел и Палестинците е да нема принудно раселување на Палестинците од Појасот Газа.

Не сега, не по војната“, нагласува Ентони Блинкен.

Тој потоа ги наведе другите услови за мир, имено дека нема да има употреба на Појасот Газа како платформа за тероризам или насилни напади, нема да има повторна окупација на Појасот Газа по завршувањето на конфликтот и таму нема да има обид за блокада или опсада на територијата.

Ентони Блинкен вели и дека меѓу условите за мир е да нема намалување на територијата на Појасот Газа, и дека мора да се осигура дека нема да има терористички закани кои потекнуваат од Западниот Брег.

Ентони Блинкен, Самит на Г7
Ентони Блинкен

BBC пренесува дека првиот човек на американската дипломатија изјавил дека за „одржлив мир“ неопходно е палестинските гласови и аспирации да бидат во центарот на владеењето во Појасот Газа по кризата.

Ентони Блинкен вели дека планот мора да вклучува обединување на Појасот Газа со Западниот Брег под палестинска власт.

Државниот секретар на САД порача дека мора да се вклучи одржливи механизми за обнова на Појасот Газа и пат кон Израелците и Палестинците кои живеат рамо до рамо во две одделни држави.

Веруваме дека сега е време да почнеме да зборуваме за иднината. Не утре, не по војната, денес“, потенцира Ентони Блинкен.

Тој зборуваше по објавувањето на официјалната изјава на дипломатите на Г-7, со која се поддржува хуманитарната пауза во конфликтот во Појасот Газа за да се дозволи испорака на хуманитарна помош, движење на цивили и ослободување на заложниците, но не повика на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.