СКАНДАЛ СО “ОТРОВНИ ПИЈАЛОЦИ“ ЈА ТРЕСЕ ХРВАТСКА – Објавени привте неофицијални резлутати од истрагата: “Пијте вода само од чешма!“

Според неофицијални информации на хрватските медиуми, резултатите од истрагата на ХЗЗЗ се целосни и утврдени се одредени неправилности во 16 изземени шишиња.

Официјални резултати се очекуваат во текот на денот. За скандалот со труење со пијалок утрово зборуваше и министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош.

Има четири нови случаи, еден е во болницата во Виноградска на опсервација, се мисли дека е повреден од хемиски елементи, еден е во Вараждин, додека двајца се во КБЦ Загреб. За среќа, сите нови случаи регистрирани досега имаат поблаги симптоми а најголемиот дел од пациентите ќе бидат отпуштени на домашно лекување“, порача Вили Берош.

министерот Вили Берос
Вили Берош

Скандалот со затруени пијалоци ја потресе Хрватска. Од понеделникот на Интернет се шират вознемирувачки пораки, а само ден подоцна институциите излегоа со официјална информација. Во саботата во болницата во Риека било примено едно лице со повреди на хранопроводникот, а нови случаи биле пријавени вчера попладне и во текот на вечерта.

Како што објавија хрватските медиуми, млад човек (19 г.) испил голтка минерална вода и почнал да повраќа крв. Полицијата синоќа била кај Ребро, но и кај ПМФ каде ученик наводно испил сомнителен пијалок од автомат. Институциите се на нозе.

Тие не го пиеја истиот пијалок. Некои консумирале солени стапчиња. Мора се да провереме, а не да ја плашиме јавноста. Кога ќе се воспостави одредена врска, јавноста ќе биде информирана, а дотогаш има препорака да се пие вода само од чешма“, изјави Вили Берош за последните случаи денеска.

Министерот вели и дека надлежните институции испитуваат дали има организираност и поврзаност со пораките кои се проширија на социјалните мрежи. Тој тврди дека сега е докажано дека биле пуштени токму со цел да се создаде паника, а во Риека се зборувало за неколку случаи, а до денес се работи само за еден.

Таа информација беше лажна и фалсификувана, институциите истражуваат кој и зошто ги објави фалсификуваните изјави во јавноста“, заклучи Вили Берош.