“ФРАНЦИЈА ГРАДИ МИР И БАРА РЕШЕНИЈА!“ – Емануел Макрон со порака до светот: “Присуството на Володимир Зеленски на самитот Г-7 во Хирошима придонесува за градење мир“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денес изјави дека присуството на украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на Г-7 во Хирошима е начин за градење мир.

Емануел Макрон на новинарите во Јапонија им кажа дека ставајќи го францускиот авион на располагање на украинскиот претседател за да го пренесе прво на самитот на Арапската лига, а потоа и на Г-7 во Јапонија – „Франција гради мир и бара решенија“.

Според Емануел Макрон, посетата на Володимир Зеленски на Џеда во петокот му овозможила на украинскиот претседател да има јасна поддршка од Саудиска Арабија и неколку сили во регионот.

Тоа е, како што оцени францускиот претседател – „вистинска пресвртница“.

Во Хирошима, Володимир Зеленски ќе има можност да им се обрати на светските сили кои некогаш се изложени само на еден говор“, изјавил францускиот претседател.

Самитот на Г-7 ги вклучува Јапонија, Канада, САД, Велика Британија, Италија, Франција и Германија, како и ЕУ. Меѓу гостите на собирот се Австралија, Виетнам, Јужна Кореја, Бразил, Индија, Индонезија и претставници на меѓународни организации.