„ФРАНЦИЈА ГРАДИ МИР И БАРА РЕШЕНИЈА“ Макрон: Присуството на Зеленски на самитот Г7 во Хирошима придонесува за градење мир

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека присуството на украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на Г7 во Хирошима е „начин за градење мир“.

Макрон на новинарите во Јапонија им рече дека ставајќи го францускиот авион на располагање на украинскиот лидер за да го пренесе прво на самитот на Арапската лига, а потоа и на Г7 во Јапонија, „Франција гради мир и бара решенија“.

Според Макрон, посетата на Зеленски на Џеда во петокот му овозможила на украинскиот претседател „да има јасна поддршка од Саудиска Арабија и неколку сили во регионот“.

Тоа е, како што оцени францускиот претседател, „вистинска пресвртница“.

Во Хирошима Зеленски ќе има можност да им се обрати на светските сили кои „некогаш се изложени само на еден говор“, рече францускиот претседател.

Самитот на Г7 ги вклучува Јапонија, Канада, САД, Велика Британија, Италија, Франција и Германија, како и ЕУ. Меѓу гостите на собирот се Австралија, Виетнам, Јужна Кореја, Бразил, Индија, Индонезија и претставници на меѓународни организации.