Франција негира дека ќе испрати 2.000 војници во Украина

– Министерството за одбрана на Франција ги демантираше тврдењата на Русија дека се подготвува да испрати 2.000 војници во Украина.

Француското Министерство во пишана изјава за АА наведе дека коментарите на шефот на Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) се „индикативни за руската систематска употреба на тактика на масовни дезинформации“.

Сергеј Наришкин, шеф на СВР, вчера изјави дека Франција се подготвува да испрати контингент од 2.000 војници во Украина.

Во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС, Наришкин наведе дека претседателот на Франција, Емануел Макрон, го прикрива бројот на француски војници што се веќе убиени во Украина за да ги избегне масовните протести во својата земја.

Макрон минатиот месец одби да ја исклучи можноста за испраќање западни трупи во Украина, каде што Русија започна „специјална операција“ пред две години. Оваа идеја беше отфрлена од сојузниците.