Шокантен пресврт: Нови детали за смртта на момчето на Сабаленка: откриваат дека можеби не било самоубиство

Смртта на момчето на Арина Сабаленка, Константин Колцов (42) продолжува да ја интригира јавноста, особено поради двете верзии кои официјално беа објавени, прво дека причина за смртта е белодробна емболија, а потоа дека се работи за самоубиство, како што соопштија од полиција во Мајами.

Сега се појавува нова верзија, бидејќи нови детали за овој случај откри поранешната сопруга на Константин Колцов, Јулија Михаилова , со која има три деца.

Таа смета дека полицијата предвреме донела заклучок за самоубиство и дека всушност може да се работи за несреќен случај. Тaa смета дека Колцов најверојатно бил многу пијан и не бил свесен за своите постапки, а во хотелскиот апартман каде што се наоѓал биле пронајдени празни шишиња со алкохол.

– Само што разговарав со медицински експерт. Истрагата ги однела материјалите на токсиколошки испитувања. Сите резултати ќе бидат готови за еден месец. Полицијата ги задржала телефонот и лаптопот на Константин додека не заврши истрагата. Засега не може со сигурност да се каже дали се работи за самоубиство или несреќен случај.

Ја прашале какво е нејзиното мислење, а таа истакнала дека сите се сомневаат дека Константин не планирал самоубиство.

– Тоа беше несреќен случај. Сè уште го имаме стариот семеен компјутер со е-поштата на Константин. Ја знаев лозинката и можев да отворам некои пораки. Константин резервирал повеќе станови на друга локација. Набавките кои сè уште не пристигнале се платени. Автомобилот го изнајмил за подолго време. Односно немал намера да умре. Сè може да ви падне на ум, но немаше трага од трагедија.

На кој кат живеел?

– На 23 кат. Овој хотел во Мајами каде што сето тоа се случи е на еден час од нашата куќа. 

Нашле празни шишиња алкохол, веројатно бил многу пијан

– Мислам дека вашите колеги нешто погрешно разбраа. Или тие ја отфрлија претпоставката на полицијата за самоубиство како факт. На крајот на краиштата, луѓето ретко паѓаат сами. Полицијата веднаш ја отфрлила верзијата за убиство. Константин бил сам во собата, па рекле дека можеби било самоубиство. Но, повторувам, немаше индикации дека Константин ќе скокне.

– Најверојатно бил многу пијан. За жал, хокеј играчите понекогаш се виновни за ова. Во просторијата каде што престојувал Константин биле пронајдени празни шишиња со алкохол. Имаше и балкон со поглед на океанот. Веројатно Константин не бил свесен за неговите постапки – рече таа и нагласи дека се надева дека истрагата ќе потврди дека се работи за несреќен случај.

– Да, за децата би било помирно. Да, Данил и Александар читаа вести за самоубиство на Интернет и секако, се чувствуваа нелагодно. Таму беа презентирани други различни верзии додека чекав да разговарам со докторот – истакна таа.

Ја прашале и дали комуницирала со Арина Сабаленко.

– Да, имаме контакт. Добра девојка. Мојот пост од пред неколку години беше емотивен, беше многу болен. Многу го сакав Константин. Но, Сабаленка добро се однесуваше со моите деца, па со неа имам нормален однос – заврши Јулија Михаилова.