– Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во СРЦ „Кале“ вои Скопје загуби убедливо од Франција со 113:56.
Ова беше натпревар од второто коло во Б-групата на Европското првенство А-дивизија.
Французите ја потврдија фаворитска улога, а избраниците на селекторот Александар Јованчев ќе се обидат да го подобрат впечатокот веќе на утрешниот натпревар против Литванија која е единствената со максимален ефект во групата „Б“.
На другиот натпревар од 2. коло Белгија загуби од Литванија со 48:73.
Распоред за утре:
Франција – Белгија (13:30 часот)
Македонија – Литванија (18:30).