Синоќа во Париз беа отворени Олимписките игри со свечена церемонија која траеше речиси четири часа, а Французите како организатори направија сериозен кикс.Имено, кога се подигна олимпиското знаме, многумина забележаа дека е превртено наопаку и на тој начин подигнато на јарболот во центарот на Париз.
The big spectacle was washed out by the weather, the display was cringe & to top it all off the Olympic flag was hoisted upside down at the zenith of it all
— Aaron Rankin (@Aaron_R_Rankin) July 26, 2024
This event is like a microcosm of modern France, an utter shamblespic.twitter.com/eZeyCrIXRQ
Знамето беше донесено на Трокадеро од јавач на коњ, со кој претходно галопираше по Сена, додека носеше мантија украсена со олимписките кругови. Тогаш знамето беше превртено наопаку од луѓето задолжени да го подигнат на јарболот.
Тоа беше моментот непосредно пред палењето на олимпискиот оган, кој го изведоа познатите француски спортисти Мари-Жозе Перек и Теди Ринер.
Видеото од подигнувањето на превртеното знаме многу брзо се прошири на социјалните мрежи и утрово за тоа пишуваат многу светски медиуми како Индипендент, Телеграф, Фокс Спортс и други.
Потсетуваме дека олимпиското знаме се состои од пет кругови кои со своите бои ги симболизираат континентите.
Свеченото отворање беше четиричасовен спектакл на реката Сена, во кој 85 чамци превезуваа речиси 7.000 спортисти од 205 земји.