– Француската премиерка Елизабет Борн денеска поднесе оставка, што ја прифати претседателот Емануел Макрон, кој и се заблагодари за нејзината „примерна“ работа во „службата на нацијата“.
Во нејзините 20 месеци на чело на владата, Борн ја презеде многу непопуларната пензиска реформа и многу контроверзниот предлог-закон за имиграција.
Министерот за образование Габриел Атал е фаворит за нејзин наследник.