Еден ден откако француската Влада го преживеа гласањето за недоверба поради најавената реформа на пензискиот систем, францускиот Парламент со големо мнозинство го поддржа планот на Владата за инвестирање во нуклеарната енергија.
Планот за нуклеарна обнова, чија клучна точка е изградбата на шест нови нуклеарни реактори, беше одобрен синоќа во францускиот Парламент со 402 гласа за и 130 против.
„По Сенатот минатиот месец, Долниот дом со големо мнозинство гласаше за планот за нуклеарно обновување, што е резултат на заедничката работа во борбата против климатските промени и гарантирање на нашиот енергетски суверенитет“, напиша премиерката Елизабет Борн во објава на Твитер.
На вчерашното гласање за недоверба на француската Влада, 278 пратеници го поддржаа предлогот на опозицијата за изгласување недоверба, а уште девет пратеници, односно 287 од нив, гласаа против соборувањето на Владата на премиерката Борн.