Француските медиуми за Модриќ: Тој е хиперактивен (фото)

Репрезентацијата на Хрватска ја совлада Франција со 2:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на нации. Избраниците на Златко Далиќ одиграа брилијантно, особено во првото полувреме, надигрувајќи го актуелниот светски вицешампион, а победничките голови ги постигнаа Анте Будимир и Иван Перишиќ, кои асистираше и при првиот гол. Реваншот е в недела од 20 часот и 45 минути во Париз.

Францускиот медиум „Монд“ во својата репортажа за натпреварот ги издвои Лука Модриќ и Перишиќ.

,,На 39 и 36 години, двајцата хрватски ветерани немаат изгубено ништо во квалитетот. Хиперактивен за време на натпреварот, Модриќ пресретнуваше противнички додавања и беше одговорен за првиот гол. Тоа дојде благодарение на центаршутот на Перишиќ, кој асистираше за првиот на Хрватска и го постигна нивниот втор гол“, пишува Ле Монд.

Модриќ даде изјава по натпреварот. Го прашаа за Перишиќ, кој го постигна својот прв гол на Пољуд, иако половина од минатата сезона ја мина во Хајдук.

“Перишиќ? Среќен сум поради него, а бидејќи ја прекина негативната традиција на Пољуд и конечно постигна гол тука. Никогаш не се сомневав во него, верувам дека има уште простор за напредок. Оваа сезона во ПСВ беше одлична за него да влезе во ритамот на игрите”.

Модриќ има 185 настапи, Перишиќ 141 за Хрватска

Ова беше 185. настап за Модриќ за хрватската репрезентација, за која постигна 27 гола и со која беше втор и трет на Светските првенства и втор во Лигата на нации. Истиот успех го има и Перишиќ, кој има 141 настап и 34 голови, со што е втор стрелец во историјата на националниот тим. Го надмина Марио Манџукиќ кој има 33. Прв е Давор Шукер со 45 гола.