Француски историчар: Западот ја потцени силата на Русија, Путин има една цел – НАТО е во голема опасност! (ВИДЕО)
Западот го предизвика конфликтот во Украина, но ја потцени силата на Русија, а сега НАТО е во голема опасност, изјави францускиот историчар Емануел Тод на Јутјуб каналот на весникот ,,Фигаро”.
„Русија има добри шанси да излезе од оваа ситуација како победник. Сега Русите прават сè за да го запрат НАТО, но луѓето на Запад едноставно не ги гледаат размерите на целиот проблем“, рече тој.
Според него, Вашингтон ја принудил Москва да преземе превентивни мерки кога започна вооружувањето на Украинците, по моделот на армиите на Северноатлантската алијанса.
Покрај тоа, американските неоконзервативци се надеваа дека ќе ја уништат руската економија со помош на санкции.
„Се случи спротивното и гледаме дека Русија возвраќа подобро отколку што можевме да замислиме“, додаде Тод.
Во исто време, индустрискиот апарат на САД и европските земји веќе нема доволно капацитет да продолжи со производство на муниција за вооружените сили на Украина, резимира специјалистот.
Емануел Тод е антрополог, историчар, есеист, прогнозатор и автор на многу книги. Некои од неговите дела, како „Економска илузија“ или „После империјата“, станаа фундаментални во изучувањето на општествените науки. Во 1976 година, тој го предвиде распадот на Советскиот Сојуз во својата книга ,,Краен неуспех”.