Поранешниот шеф на македонската дипломатија и поранешен македонски амбасадор во ООН, Љубомир Фрчкоски смета дека реакцијата на грчкото МНР и изјавата на премиерот Христијан Мицкоски пред македонската дијаспора во Њу Џерси вели дека „целиот спор изгледа тажно“. Во принцип, вели дека влегуваме во „политика која што не постои како политика и празен простор на реторика“.
-На надворешен план тоа се некакви реторики од овој тип кон дијаспората. Политичар мора да има одговорност и е обврзан со меѓународните договори на неговата земја. Не може се нешто да каже, без разлика дали се обраќа до луѓе на кои ќе им биде мило да каже дека „Обединета Македонија ќе биде наша перспектива“. Тоа е скандал да се каже – прво е невистина тоа кажување на нешто што не може да го оствари. По дефиниција е неодговорност. Истовремено е малку бламирање на земјата со неодговорни политички изјави. Не може да се изанализира што мисли со тоа. Не мисли со ништо. Луѓето тоа сакаат да го слушнат, рече Фрчкоски во емисијата „Аргумент+“.
Според него, „овој тип на изјави ве квалификуваат за да бидете на црна листа“.