– Женската фудбалска репрезентација на Англија се пласира во финалето на Светското првенство откако во Сиднеј ја совлада селекцијата на Австралија со резултат 3:1.
Фудбалерките на Англија со оваа победа првпат во историјата се пласираа во финалето на Светското првенство.
Англичанките предводеа со голот на Ела Ен Тоне во 36. минута, но Австралија израмни во 63. минута со голот на Саманта Кер.
Селекцијата на Англија во 71. минута со голот на Лорен Хемп повторно беше во водство, а во 86. минута преку Алесија Русо ја зголеми предноста и победи со резултат 3:1.
Англичанките во финалето ќе играат против репрезентацијата на Шпанија во недела, 20 август.