Фудбалерот на кој девојката му ја крои судбината! Една од најбараните ѕвезди во моментот избра нов клуб само поради неговата љубов !?

Виктор Осимхен е еден од најбараните светски фудбалери во моментов, а европските гиганти летово ќе се обидат да го доведат во своите редови.

Засега најголем интерес покажаа англиските гиганти Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал, како и Баерн Минхен и Реал Мадрид. Но се чини дека клучната улога во целата приказна би можела да ја има неговата девојка Стефани.

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен наводно се подготвени да му платат на Осимхен повеќе од 100 милиони евра, а германските медиуми пишуваат дека Стефани се наклонува кон преселување на нејзиното момче во Германија. Имено, таа е родена и израсната во Германија, па би сакала да се врати во таа земја, а верува дека земјата би била идеална за нивната ќерка да расте таму.

Виктор Осимхен

Очигледно, Осимхен е најотворен за преселба во Минхен во случај на крајот да го напушти Неапол, па Нигериецот следната сезона би можел да се види во дресот на Баерн Минхен.

Во досегашниот дел од сезоната, Осимхен постигна 25 гола и 5 асистенции на 30 натпревари за Наполи во сите натпреварувања.