Фудбалерот на Тотенхем суспендиран на седум натпревари, бидејќи рече дека сите Корејци изгледаат исто
Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур беше суспендиран на седум натпревари од Фудбалската асоцијација на Англија, откако во една од емисиите даде расистичка изјава дека „сите Корејци изгледаат исто“.
Според англискиот Мирор, Бентанкур гостувал во едно уругвајско ТВ шоу, каде зборувал за својот соиграч од Јужна Кореја, Хјун-Мин Сон.
Водителот го прашал фудбалерот дали може да му набави дрес од јужнокорејскиот играч, а Бентанкур одговорил:
– Од Сон? Истото можев да го направам и со братучедот на Сон, сигурно сите изгледаат идентично – беше расистичката забелешка на Бентакнкур.
Ова брзо се прошири на социјалните мрежи, па мораше да реагира Фудбалскиот сојуз на Англија и тој нема да може да игра на теренот во следните седум натпревари.
Не се знае дали и Тотенхем ќе му изрече некаква казна, а Бентанкур во меѓувреме му се извини
на Сон за навредата.