ФУДБАЛЕР БРУТАЛНО ПРЕТЕПАН ВО ХРВАТСКА! Цела држава е во шок, веднаш се огласи клубот и ги објави морничавите фотографии! 

Натпреварот помеѓу ОНК Метковиќ и НК Конављанин е одложен поради срамен скандал кој ја потресе цела Хрватска, но и регионот.

Имено, фудбалерот Перо Опушиќ беше брутално претепан, а тој поради тешки последици заврши во болница. Според клубот, тој бил нападнат од двајца фудбалери на ХНК Славен.

  • Денешниот натпревар со ОНК Метковиќ е одложен поради нападот на двајца играчи на ХНК Славен Груда и неколку момчиња од Груда врз нашиот играч Перо Опушиќ во Поповиќи. По укажаната лекарска помош во Итната помош на Дубровник, Перо е пуштен дома – напишаа од Конављанин на Фејсбук.

НК Конављанин тврди дека целиот напад бил однапред испланиран.

  • Во шок сме бидејќи нападот беше планиран, (Перо се бараше на неколку локации во Чилипи и Поповиќи) поради различно размислување за фудбалот. Мислиме и дека Перо е нападнат затоа што е играч на нашиот клуб. Најостро ја осудуваме секоја форма на насилство и се надеваме дека такви работи нема да се повторат. Даваме целосна поддршка на нашиот Перо и неговото семејство – се додава во соопштението на управата на клубот.