Фудбалер заврши во кома по дуелот со противникот: Се повреди во првата минута од натпреварот, итно пренесен во болница (видео)
Лоши вести пристигнаа по несреќата на самиот старт на мечот од Франција, каде Алберт Елис (28) беше ставен во вештачка кома.
Фудбалерот на Бордо беше удрен во глава во првата минута на натпреварот против Џенгано во 26. коло од Лига 1.
Елис се судри со Донати Гомис, фудбалер на противничкиот тим, за што најпрвин му беше укажана помош на теренот, а потоа беше префрлен во болница каде беше донесена одлука да се стави во вештачка кома поради тежината на повредата.
Натпреварот заврши со резултат 1:0 за Бордо, а соиграчите по натпреварот испратија пораки со поддршка до претставникот на Хондурас.