Американците ги открија бројките за нивниот најнов борбен авион, сите се зачудени од неговата брзина (Видео)

Брзината што ја постигнува најновата верзија на познатиот Ф-15 е 2,9 маха, односно околу 3580 километри на час на ниво на морето.

Американскиот борбен авион F-15EX, познат и како F-15 Eagle II, може да достигне брзина од речиси 3 мах кога лета во целосно „гола“ конфигурација, што значи без опрема, оружје и дополнителни сензори. Оваа информација пред два дена за време на аеромитингот во Сингапур ја откри вработениот во Боинг, Роб Новотни.

Да, овој авион е навистина брз, изјави Новотни, поранешен американски воен пилот, како што пишува Aviation Week.

Поточно, брзината на најновата верзија на познатиот Ф-15 достигна 2,9 маха, односно околу 3.580 километри на час на ниво на морето. Ова значи дека F-15 Egale II постигнал брзина што малку други авиони можеле да ја постигнат. На пример, рускиот ловец-пресретнувач МиГ 31 може да достигне брзина од 2,83 маха, иако се претпоставува дека може да лета побрзо од 3 маха, но со бројни ризици – приближно исти како и неговиот претходник, МиГ 25. Колку што е познато, ниту еден друг борбен авион на денешницата не може да се спореди со тие бројки (се разбира, не го броиме познатиот шпионски авион SR-71 Blackbird, но тој и така е во пензија веќе 25 години).

Она што е важно да се напомене е фактот дека оваа брзина на Eagle II се однесува само на целосно „чистата“ конфигурација на авионот. Со целосен опсег на оружје (може да носи дури 12 проектили, Боинг тврди и повеќе) и надворешни тенкови, сигурно има многу помали брзини.

-Го тестиравме кога не носеше речиси ништо. И во таа конфигурација на аеромитинг, неговите два огромни млазни мотори General Electric F110-GE-129, од кои секој развива потисок од 131 kN со горење, блескаат, рече Новотни, додавајќи дека се сомнева дека F-15EX може да лета побрзо од ова.

Лимитирачки фактор за брзината за овој авион не се толку неговите можности, туку оружјето и другата опрема што ја носи, заклучи тој.