ПОВТОРНО Е ЛЕДЕНА КРАЛИЦАТА! Ким Кардашијан направи шокантна трансформација, нови слики го обиколија светот

Ким Кардашијан реши да се врати на стариот имиџ, па прошета во Беверли Хилс со својата претходно позната ледена руса коса.

Ријалити ѕвездата и претприемач Ким Кардашијан ја изненади јавноста менувајќи го имиџот.
Кардашијан е фотографирана во четвртокот вечерта на Беверли Хилс, кога се шетала со нова боја на коса, излегувајќи од автомобил вреден дури 100.000 евра.

Ким сега одлучи да се префрли на ледената руса боја на коса што ја имаше и некогаш, а непосредно пред оваа промена беше прекрасна бринета.

Ким се појави во бел горен дел без прерамки и црни кожени хеланки кои се лепеа за неа и одлично ги истакнаа нејзините претрупан облини.

Сепак, Ким се уште не се пофалила со својот нов имиџ на социјалните мрежи, но папараците успеале да ја фотографираат и фотографиите веќе го обиколија светот.

Да потсетиме, неодамна US Weekly објави дека Ким Кардашијан и Одел Бекам Џуниор се заедно, а во моментов нивната врска е толку добра што размислуваат кој би можел да биде следниот чекор.