СЕ УШТЕ ИМА МАГИЈА ВО НОЗЕТЕ ИАКО ИМА 44 ГОДИНИ: Роналдињо ги покажа фудбалските способности во РЕАЛИТИ ШОУ! (ВИДЕО)

Познатиот бразилски фудбалер Роналдињо учествуваше во реално шоу во Турција .

На општо задоволство на натпреварувачите, но и на целата турска јавност, славниот Бразилец ги покажа своите фудбалски способности. Имено, два тима имаа задача да одиграат натпревар, а Роналдињо одигра по едно полувреме за секоја екипа.

Во еден момент камерите ја уловија целата фудбалска магија која Роналдињо се уште ја има во своите нозе иако има 44 години. Бразилецот направи магичен потег, кога ги фати ножичките и ја смести топката во голманската мрежа.

Интересно, Роналдињо играше на теренот во дресот и шорцевите на НБА играчот Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс .

Натпреварувачите од Турција се наоѓаат на непозната локација во Доминиканската Република , каде што се натпреваруваат во различни дисциплини.