(ФОТО) „Џејмс Веб“ објави фасцинантна слика од најблиското место каде се раѓаат ѕвездите

Американската вселенска агенција НАСА оваа недела објави слика од вселенскиот телескоп Џејмс Веб на кој е прикажан меѓуѕвездениот облак комплекс Rho Ophiuchi, најблискиот регион за формирање ѕвезди до Земјата, одбележувајќи една година откако агенцијата ги претстави првите резултати на телескопот.

Телескопот Веб, кој беше лансиран во 2021 година и почна да собира податоци минатата година, го преобликува човечкото разбирање за раниот универзум, притоа произведувајќи неверојатни слики од космосот.

Сликата на Ро Офиучи е најдобриот таков пример, прикажувајќи ја маглината, огромен облак од меѓуѕвезден гас и прашина каде што се формираат нови ѕвезди, во нашата галаксија Млечен Пат, на околу 390 светлосни години од Земјата. Светлосна година е растојанието што светлината го минува за една година, што е 9,5 милијарди километри.

Ро Офиучи е стар само милион години, што е трепнување на окото во космичкото време.